3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Инстаграм“ има нов директор

„Инстаграм“ има нов директор

По заминувањето на основачите на „Инстаграм“, Кевин Систром и Мајк Кригер, од првите редови на оваа социјална мрежа, „Фејсбук“ го постави Адам Мосери, неговиот долгогодишен извршен директор, за директор на „Инстаграм“ на почетокот од оваа недела.

Имено, пред една недела основачите на „Инстаграм“, Систром и Кригер, одеднаш го објавија заминувањето од оваа социјална мрежа.

Тие го продадоа „Инстаграм“ за една милијарда долари и дел од акциите на „Фејсбук“ пред шест години, но останаа да го водат како директори. „Инстаграм“ има повеќе од една милијарда корисници и е една од најпопуларните социјални мрежи во светот.

Според аналитичарите на Блумберг, „Инстаграм“ вреди 100 пати повеќе од она за колку е продаден на „Фејсбук“, и е една од најисплатливите инвестиции на оваа социјална мрежа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП