19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОставете добар впечаток на деловниот ручек

Оставете добар впечаток на деловниот ручек

Доколку ваквиот вид на работа е нешто ново за вас, прочитајте на што се треба да обрнете внимание, за да оставите добар впечаток за себе и компанијата која ја претставувате.

Цел на состанокот

Првенствено започнете со намерата, која е целта на вашиот состанок? Доколку го „бркате“ клиeнтот да ја прифати вашата понуда, треба да знаете дека тоа бара многу знаење и самоконтрола.

Резервирајте маса

Првиот чекор кон успешен деловен ручек е резервацијата на маса. Тоа направете го во истиот момент кога другата страна ќе го потврди своето присуство на состанокот. Бидете во ресторанот најмалку 15 минути пред закажаниот состанок, за да се консултирате со вработените околу менито.

Нарачајте лесен оброк

Препорачуваме лесни јадења, салата наместо скара. Кога станува збор за јадењата, секогаш нарачувајте лесни оброци, за кои не ви e потребно големо внимание, односно време да ги чистите, сецкате и др, со цел да можете активно да учествувате во разговорот. На персоналот веднаш соопштете му ја вашата одлука, така на клиентот ќе му оставите добар впечаток.

Исклучете го мобилниот

Иако мобилните телефони се важен дел од нашиот живот и речиси невозможно е да ги држиме настрана од нас, за време на деловниот состанок исклучете го мобилниот со цел да не ви го одвлекува вниманието и постојано да одговарате на повиците, бидејќи вашиот клиент може да се почувствува како неважен.

Не пијте алкохол

Ручекот бара и пијалок. Никако не нарачувајте алкохол. Во повеќето ситуации вашиот клиент нема да биде воодушевен од вашиот избор, освен во случај на прослави, кога ќе склопите некој важен договор, па  повеќе лица слават заедно на деловниот состанок.

Внимавајте на бонтонот

За време на деловниот ручек мора да внимавате на манирите. Немојте истовремено да јадете и да се смеете со отворена уста и сл. На тој начин нема да се посрамотите само себе туку и компанијата која ја застапувате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП