
Кога кожата ќе стане многу сува, таа може да распука. Распуканата кожа често се среќава на рацете и стапалата, особено на прстите, палците, зглобовите и петите.


Кога кожата ќе стане многу сува, таа може да распука. Распуканата кожа често се среќава на рацете и стапалата, особено на прстите, палците, зглобовите и петите.
Кои се причините за распукана кожа на рацете, прстите и стапалата?
Најчеста причина за површински или подлабоки распукувања на кожата е преголемата сувост. Има многу различни фактори коишто можат да доведат до пресушување на кожата, како на пример:
Рацете (особено зглобовите и заноктиците) и стапалата (особено петите) се склони кон исклучително сува и распукана кожа.
Распукана кожа на рацете и прстите
Градбата на кожата на рацете ги прави помалку способни да задржат влага и тие се посклони на извонредна сувост во однос на другите делови на телото.
Рацете ни се речиси постојано изложени на промените во околната средина и температура. Тие се често во контакт со вода и измивачки производи. Секојдневното миење, работата без ракавици, ја сушат кожата на рацете, а некои професии вклучуваат триење и/или постојан контакт со агресивни хемикалии, коишто дополнително ја влошуваат состојбата на кожата.
Кога кожата ќе се исуши, уште потешко е да ја задржи влагата којашто ѝ е потребна. Тоа дополнително ја суши и распукува. Симптомите варираат по тежина од мали делови распукана кожа околу заноктиците на прстите до поголеми делови распукана кожа на прстите, палците, зглобовите. Кожата има потреба од SOS нега.
Постојано сувата, перутава, воспалена, со јадеж и надразнета кожа на рацете може да биде симптом на егзема на рацете или контактен дерматитис.

Распукана кожа на стапалата
Нашите стапала се под постојан притисок. Независно дали одиме, трчаме или едноставно стоиме подолго време, тие ја носат тежината на телото.
Епидермисот (најповршинскиот слој на кожата) на петите на стапалата нормално е подебел и потврд. Кожата на нашите стапала нема и масни жлезди, па е особено склона на сушење.
Освен тоа, стапалата често се подложни на притисок и триење, предизвикани од тврди површини или несоодветни обувки. Ваквите оптеретувања можат да предизвикаат по-натамошно исушување на стапалата, особено во областа на петите. Кожата се задебелува и растега и во краен случај се раскинува. Распуканите пети се често среќавана поплака и ако го оставиме на страна здравјето на кожата, тие можат да бидат неубави на изглед и да создаваат непријатност.
Како можам да ја негувам кожата на рацете, прстите и стапалата?
Редовната нега на кожата на рацете, прстите и стапалата ќе ви помогне да ја заштитите кожата од исушување и распукување. Еве некои совети како да ја негувате кожата на тие често среќавани проблематични делови:
EucerinAquaphor Заштитен мевлем за повредена кожа е достапен во две пакувања: 45 мл и 220 мл