13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАССК: Меѓународно признати домашни сорти пченица

ССК: Меѓународно признати домашни сорти пченица

Во конкуренција на светски реномирани компании како најдобри сорти пченица, со одлични карактеристики и врвни приноси, минатиот месец признати се неколку домашни сорти пченица во Грција, Србија и Бугарија. Станува збор за сортата осатка, која е призната во Грција, Србија и Бугарија, а сортата тритикале Агроунија во Србија и Бугарија.

Квалитетните сорти пченица создадени се во „Агроунија“, компанија која веќе 30 години работи на селекција и создава високо приносни семиња за пченица, успешно работи на домашниот и на пазарите во регионот, беше истакнато на денешната прес-конференција на Сојузот на стопански комори на Македонија.

„Наспроти одредени тврдењата дека во нашата земја нема добар семенски материјал, признатите сорти во конкуренција на светски реномирани компании се само потврда дека во Р Македонија има семенски материјал со врвен квалитетен, што е предуслов за одличен квалитет на пченицата што ќе се произведе на домашната почва и ќе ги задоволи сите барани критериуми за производство на квалитетно брашно за млинската индустрија. Врвните достигнувања во областа на земјоделската наука во Р Македонија се и успех и признание на севкупната наука на нашата земја и даваат придонес и афирмација на сите нас. Во пресрет на есенската сеидба 2018 година, освен во Македонија, во моментот во Србија, со сортите подобрена оровчанка, балканија, осатка и тритикале Агроунија, имаме големо семе производство на сертифициран семенски материјал со кој не може да се задоволат побарувањата на сертифицираниот семенски материјал наменет за пазарите на Србија, Босанска Краина, Албанија и делумно Р Македонија, што претставува чекор враќање, како пред 30 години кога сортите пелистерка и скопјанка беа застапени на површини над 40% од Војводина“, изјави Огнен Оровчанец, претседател на Агро-бизнис комората.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП