4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHubject додава уште 20.000 станици со полначи во својата мрежа

Hubject додава уште 20.000 станици со полначи во својата мрежа

Германската компанија „Hubject“ ќе додаде уште 20.000 станици со полначи за електрични возила кон својата мрежа, откако објави дека склучила договор со кинеската „Star Charge China“, соопштува „Ројтерс“.

„Hubject“, која развива метод за обезбедување на директна врска на своите клиенти до инфраструктурата од станици со полначи за електрични возила, потпишала договор со кинеската компанија со цел проширување на својот бизнис во Азија.

Според договорот мрежата од 20.000 станици со полначи на „Star Charge China“ во Кина ќе биде додадена на платформата на „Hubjеct“, додека германската компанија ќе го поддржи својот партнер при неговото влегување во високо конкурентниот европски пазар за полнење на електрични возила.

„Во лицето на „Star Charge“ откривме совршениот кинески партнер кој ќе ни помогне да ја подобриме нашата визија, ориентирана кон клиентите во овој исклучително важен пазар“, изјави главниот извршен директор на „Hubjеct“, Кристијан Хаан.

Договорот ја проширува мрежата на германската компанија на повеќе од 100.000 места за полнење ширум светот. Во 2017-та година, „Hubjеct“ обезбеди финансиски средства за нејзино проширување на пазарите во Кина и САД.

Имињата на „Volkswagen“, „Daimler“, „BMW“, „Siemens“, „Bosch“, „Innogy“ и „EnBW“ се меѓу сопствениците на заедничката германска компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП