19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо брегзит работниците од ЕУ ќе немаат предности во Британија

По брегзит работниците од ЕУ ќе немаат предности во Британија

Владата на Велика Британија соопшти дека според новите имиграциски регулативи, по излегувањето на земјата од Европската унија, приоритет за работа ќе имаат високо-квалификуваните доселеници, при што граѓаните на ЕУ нема да добијат никаква предност.

Британската премиерка, Тереза Меј, синоќа изјави дека Велика Британија ќе остане отворена земја, но дека за прв пат во последниве децении, државата ќе контролира и избира кој ќе живее на нејзината територија, објави агенцијата АП.

Според предлозите кои се изнесени на годишната конференција на Конзервативната партија во Бирмингем, апликантите од било која земја кои сакаат да се населат во Британија, ќе мора да ги исполнат стандардите за исплата на минимална плата.

Британската влада, исто така, потврди дека сите граѓани на ЕУ кои моментално живеат во Велика Британија ќе можат да останат во земјата и по брегзит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП