12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрудо: Новиот договор за слободна трговија е исклучително корисен за Канаѓаните

Трудо: Новиот договор за слободна трговија е исклучително корисен за Канаѓаните

Премиерот на Канада, Џастин Трудо, го пофали новиот договор за слободна трговија помеѓу САД, Канада и Мексико, кој претставува ново издание на НАФТА-договорот.

„Ова е договор што ќе биде исклучително плоден за нашата економија, канадските семејства и средната класа“, изјави Трудо на прес-конференција неколку часа по постигнувањето на договорот.

По интензивните преговори, САД и Канада доцна синоќа постигнаа согласност со која се овозможува новиот трилатерален пакт, во кој влегува и Мексико, да го замени договорот за слободна трговија – НАФТА, стар речиси четвртина век. Договорот ќе биде потпишан во наредните 60 дена од страна на претседателот на САД, Доналд Трамп, и првите луѓе на Канада и Мексико. Се очекува договорот да овозможи зголемен пристап на САД до пазарот со млечни производи во Канада, што за возврат ќе ги заштити Канаѓаните од евентуални тарифирања во автомобилската трговија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП