28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНово Дукат БИО млеко произведено од селектирани еко фарми

Ново Дукат БИО млеко произведено од селектирани еко фарми

dukat2

Дукат им го овозможи на потрошувачите во Македонија, првото и засега единствено трајно млеко на пазарот, произведено од одбрани фарми кои се сертифицирани за органско производство на млеко, според правилата и регулативата на Европската Унија.

Новото млеко на Дукат ја носи ознаката БИО што претстава гаранција дека е произведено во строго контролиран природен екосистем во кој се води постојана грижа за начинот на исхрана на млечните крави, нивната состојба, свежиот воздух и чистата вода, избегнувајќи на тој начин допир со материи кои на каков било начин можат да ја загадат околината.

– Сите млека на Дукат се со висок и постојан квалитет, но најновото БИО млеко има и една дополнителна вредност, а тоа е дека потекнува од еколошки сертифицирани фарми кои го добиваат суровото млекото онака како што би сакала природата. Потрошувачите во Македонија ја заслужуваат оваа вредност и ние сме горди што можеме да им ја овозможиме, изјави Кристина Панајотовиќ Ристовски, бренд менаџер на Дукат во Македонија.

Новото Дукат трајно млеко содржи 2,8% млечна маст и е достапно за потрошувачите во амбалажа која најдобро ги заштитува сите природни, хранливи состојки на БИО млекото.

На Македонскиот пазар, новото Дукат БИО млеко ќе се нуди во поголемите маркети во пакување од 1 литар.

dukatmleko

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП