4 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААгенцијата за вработување ќе истражува какви кадри се потребни на пазарот

Агенцијата за вработување ќе истражува какви кадри се потребни на пазарот

Од денеска стартува анкетното истражување за потребата од вештини на пазарот на трудот за 2018/2019 година кое Агенцијата за вработување на Република Македонија го спроведува согласно со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018. Анкетното истражување ќе се реализира во периодот од 01.10.2018 до 31.10.2018 година помеѓу работодавачите од приватниот сектор со 7 и повеќе вработени.

Целта на анкетата за потреба од вештини на пазарот на трудот е да се обезбедат информации за потребата на работодавачите од нови вработувања во наредните 6-12 месеци и потребата од занимања и вештини со кои треба да располагаат кандидатите за планираните нови вработувања.

Анкетното истражување ќе го спроведат вработените лица од центрите за вработување, а ќе бидат ангажирани и невработени лица од евиденцијата на Агенцијата за вработување на Република Македонија како поддршка во реализацијата.

Со цел успешно спроведување на анкетата во Агенцијата за вработување беа спроведени обуки за вработените лица, како и за невработените лица кои ќе бидат ангажирани во реализацијата на анкетата. Резултатите добиени од анкетното истражување претставуваат основа за креаирање активни програми и мерки за вработување, кои имаат за цел да ги зголемат вештините на невработените лица и да ја зголемат нивната конкурентост на пазарот на трудот. Резултатите исто така се очекува да придонесат во создавање услови за подобро функционирање на пазарот на трудот, преку вкрстување на понудата и побарувачката од соодветно квалификувана работна сила.

Добиените резултати ќе послужат и во образовниот систем при концепирање на уписните политики и креирање нови образовни програми за занимања усогласени со потребите на пазарот на трудот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП