30 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFacebook може да заработи казна од 1,63 милијарди долари

Facebook може да заработи казна од 1,63 милијарди долари

Регулаторот на личните податоци во Европската унија (ЕУ) може да го казни „Facebook“ со до 1,63 милијарди долари за хакерскиот напад на нејзините системи, кој компанијата го објави во петокот и во рамките на кој се компромитирани податоците на повеќе од 50 милиони корисници.

Казната ќе биде изречена доколку регулаторите сметаат дека компанијата ги прекршила строгите нови правила на блокот за заштита на личните податоци, пишува „Wall Street Journal“.

Ирската комисија за заштита на податоците, кој е водечки европски регулатор во оваа област, изјави дека побарала повеќе информации од компанијата за обемот и природата на нападот, вклучувајќи кои граѓани од ЕУ биле погодени од нападот.

Во соопштението испратено по електронска пошта, регулаторот изјави дека е „загрижен од фактот дека овој напад бил направен во вторникот и влијаел на неколку милиони кориснички сметки, но „Facebook“ не успеала да ја открие суштината на нападот и ризикот за корисниците во оваа фаза“.

Портпаролката на „Facebook“ во неделата рече дека компанијата ќе одговори на дополнителните прашања на регулаторот и ќе го држи во тек идниот развој на случајот.

Главниот извршен директор на „Facebook“, Марк Цукерберг изјави во петокот дека социјалната мрежа прифаќа дека се случило нешто многу сериозно и се уште се обидува да воспостави детали.

Нападот е значителен удар за „Facebook“ додека траат нејзините напори да ја врати довербата по нејзините проблеми во последната година.

Случајот е и еден од првите големи тестови за тоа како регулаторите ќе го имплементираат новиот европски закон, познат како „GDPR“, кој стапи во сила на почетокот од оваа година. Ова може и да е знак дека заканата од големи парични казни во врска со слични нарушувањата на безбедноста, ќе ги натера компаниите да ги откриваат порано сличните случаи и да даваат јавно повеќе информации.

Според зборовите на експертите, иако веќе видовме напади по воведувањето на „GDPR“, како оној на „British Airways“ во септември, нема друг кој е толку голем како овој на „Facebook“. Клучното прашање со кое се соочуваат регулаторите е дали „Facebook“ има доволно инвестиции во безбедноста.

Сепак, донесувањето на конечна одлука за ова прашање може да потрае неколку месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП