25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈАР враќа богатство кое било на Гадафи

ЈАР враќа богатство кое било на Гадафи

qaddafidinar

Властите на Јужноафриканската Република објавија дека ќе и вратат на Либија дел од откриеното богатство кое му припаѓало на поранешниот диктатор Моамер Гадафи.

Станува збор за над една милијарда долари во златни прачки, дијаманти и други средства кои се чувале во банките во ЈАР.

Враќањето на богатствата на Гадафи, кој беше убиен во 2011-те година, е договорено на состанокот меѓу јужноафриканскиот министер за финансии и шефот на канцеларијата на либискиот премиер.

Според соопштението на Министерството за финансии на ЈАР враќањето на либиските средства се во согласност со протоколите на ОН. Во овој случај официјално не се соопштува точната сума која подлежи на враќање.

Се проценува дека богатствата во Јужноафриканската Република се дел од тајните фондови на Гадафи кои биле управувувани од поранешниот шеф на неговиот кабинет, Башир Салих. Во моментов тој е во бегство и се бара и од либиските власти и од Интерпол.

Според некои проценки богатството на Гадафи и на неговото семејство кое е изнесено од земјата се проценува на 80 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП