6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК се противи на италијанските буџетски планови

ЕК се противи на италијанските буџетски планови

Буџетските планови на многу задолжената Италија се соочуваат со растечки отпор од Европската комисија (ЕК). Бриселскиот орган ќе мора да ги отфрли плановите во ноември, пишува весникот „La Repubblica“, осврнувајќи се на извори од Европската комисија.

Италијанските владејачки партии минатата недела го усвоија буџетот, предвидувајќи дефицит од 2,4 отсто во 2019-та година – три пати поголем од обемот наведен од претходната влада. Коалицијата „Пет ѕвездички“ и „Лига“ планираат да спроведат некои од нивните скапи ветувања за кампањата. Според Мастрихските критериуми е дозволен дефицит до 3 отсто, но поради сериозните државни долгови Рим вети построг пристап.

Поради високиот степен на државен долг, плановите на новата влада предизвикуваат загриженост на финансиските пазари. Заменик-претседателот на Европската комисија и комесар за финансиската стабилност, финансиските услуги и пазари на капитал Валдис Домбровскис изјави викендов дека плановите се во прекршување на правото на ЕУ и ги прекршиле своите обврски кои се превземени од властите во Рим.

Во меѓувреме, претседателот Серџо Матарела и гувернерот на Централната банка, Игнасио Вискос исто така се загрижени.

Италијанскиот министер за финансии Џовани Триа се спротивстави вчера на критиките од Брисел, велејќи дека Европската комисија и финансиските пазари треба да бидат смирени штом имаат сеопфатна слика за буџетот за следната година, кој ќе биде претставен на 20-ти октомври.

„Се надевам дека стравот се намалува кога ќе објасниме како сакаме да ја постигнеме нашата примарна цел за раст“, рече Триа. „Буџетскиот дефицит не е апсолутно никаква закана за Европа“, рече тој.

Италија има највисоки нивоа на долг во еврозоната по Грција, што претставува околу 130% од економскиот излез.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП