24 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbnb го негираше обвинението дека е агент на недвижности

Airbnb го негираше обвинението дека е агент на недвижности

Онлајн платформата за краткорочен наем на имот „Airbnb“ ги  отфрли тврдењата на водечката асоцијација на француски хотелиери дека е агент на недвижности и треба да ги следи имотните правила, во случај кој може да влијае на другите онлајн сервиси, соопштува „Ројтерс“.

Од своето лансирање во Сан Франциско во 2008-та година, „Airbnb“ која ги поврзува луѓето кои го даваат целиот или дел од своите домови, на привремени гости, брзо се прошири.

Компанијата сепак се соочува со хотелиерите и раководствата на градовите од Њујорк до Амстердам, Берлин и Париз во позадина на обвинувањата дека го влошува недостигот на станови и ги турка жителите со пониски примања.

Франција е втор по големина пазар на „Airbnb“ по САД – со над 400.000 огласи, а Париз е најголемиот единечен пазар со вкупно 65.000 домови, впишани на сајтот.

По жалба од асоцијација „AhTop“ која претставува 30.000 хотели и синдикати, француски суд го изнесе случајот пред Европскиот суд – највисоката инстанца во Европа.

Претходно оваа недела „Airbnb“ го поднесе своето мислење во Европскиот суд. Компанијата може да се соочи со тешка битка, ако одлуката на „Uber“ може да биде показател. Во одлуката од 2017-та година, судиите изјавија дека „Uber“ треба да се гледа како транспортната услуга и го отфрлија аргументот дека е дигитална апликација која дејствува како посредник.

Тврдењето на „AhTop“ дека компанијата треба да подлежи на француските правила за агенти на станбените имот, е без основа, изјави портпаролката на „Airbnb“.

„Airbnb обезбедува само платформата, која им овозможува на домаќините да се поврзуваат директно со гостите. „Airbnb“ не се меша во трансакции помеѓу домаќините и гостите“, рече таа.

„Француските правила за агентите датираат од 70-тите и важат за агентите кои купуваат и продаваат станови, а не за бизнис со платформи“, додаде таа.

Тоа сепак не е точно според претставникот на „AhTop“, Квентин Мишелон.

„„Airbnb“ не само што ги создава односите помеѓу двајца луѓе, а и пазарот за краткорочно изнајмување, помага за утврдување на цените, ги централизира плаќањата, обезбедува осигурителни услуги, објавува и ги рекламира“, рече Мишелон за „Ројтерс“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП