7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Каде се зголемува бројот на супер богатите?

График на денот: Каде се зголемува бројот на супер богатите?

Извештајот на „Wealth-X“ претходно овој месец покажа дека САД е земјата со најголема популација на ултрабогати на глобално ниво, објави „Statista“.

Во САД, супер богатите, кои по дефиниција имаат богатство од најмалку 30 милиони долари, се 80.000 (31% од вкупниот број во целиот свет), повеќе од Јапонија, Кина, Германија, Канада и Франција заедно. Иако САД ја предводат листата на супер богати, тие заостануваат во однос на растот на најбогатото население.

Економскиот бум во Азија доведе до значително зголемување на бројот на милијардери во регионот во последниве години.

Бројот на супер богати во Кина, на пример, е зголемен за 19% помеѓу 2016-та и 2017-та, што е двојно побрзо од оној во Северна Америка.

Меѓутоа, во последните пет години, друга азиска земја, иако на прв поглед звучи неверојатно, е лидар на листата според растот на супер богатото население.

Според „Wealth-X“, клубот на супер богатите во Бангладеш порасна за 17,3% помеѓу 2012-та и 2017-та година. Во Кина порасна за 13,4% во истиот период, а во Виетнам за 12,7%.

САД го имаат само 10-то место според овој индикатор со раст од 8,1%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП