9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTencent се реконструира да одговори на предизвиците

Tencent се реконструира да одговори на предизвиците

Кинескиот интернет гигант „Tencent Holdings“ го објави своето прво реструктуирање по шест години, поради растечките предизвици од построгата владина регулација, објави „Ројтерс“.

Компанијата со седиште во Шенжен чии акции се на берзата во Хонг Конг ќе ги интегрира оригиналните седум бизнис групи во шест, вклучувајќи и нова група за облачни и „смарт“ индустрии, се вели во соопштението на „Tencent“.

Компанијата ќе ја истражува во длабочина интегрирањето на социјалните мрежи, содржините и технологиите што е посоодветно за идните трендови, и ќе го охрабри преминот од кориснички кон индустриски интернет, се додава во информацијата.

„Tencent“, исто така, ќе формира технолошкиот комитет.

Компанијата, која страдаше од зголемените напори на Кина против коцкањето преку интернет, го објави својот прв пад за квартал за речиси 13 години.

Главниот бизнис на „Tencent“, врз која е основана во 1998-ма година, се видео игрите, но компанијата управува и водечката социјална мрежа во Кина „WeChat“ со над една милијарда корисници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП