21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД, Канада и Мексико постигнаа договор за слободна трговија

САД, Канада и Мексико постигнаа договор за слободна трговија

САД, Канада и Мексико постигнаа споразум за слободна трговија кој ќе го замени досегашниот договор за слободна трговија во Северна Америка (НАФТА), објави BBC.

Постигнавме договор за нов, современ трговски договор за 21-от век, кој на нашите работници, земјоделци, одгледувачи и компании ќе им овозможи слободни пазари, праведна трговија и солиден економски раст, се вели во заедничката изјава на САД и Канада.

Во изјавата не се вклучени деталите на договорот, но се очекува дека ќе им овозможи на американските фармери да пристапат до канадскиот млечен пазар и да ја исклучат Канада од плановите на американскиот претседател Доналд Трамп да ги наметнат царинските давачки за увоз на автомобили, камиони и авто делови.

Тарифите што ги воведоа САД за челик и алуминиум засега остануваат исти.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП