Поранешниот британски министер за надворешни работи, Борис Џонсон, ги нарече целосно бесмислени и луди предлозите за брегзитот што ги изнесе премиерката Тереза Меј.
Џонсон тоа го изјавил во интервју за британскиот весник „Сандеј тајмс“, прво интервју што го дал за некој весник од неговото заминување од функцијата во јули годинава, пренесе интернет-порталот „Политико. еу“.
„Идејата да можеме да побараме од цариникот во Дубровник или Сантандер (Шпанија) да наплатуваат само британски такси е луда и никој не мисли дека тоа може да успее“, оценува Џонсон.
Спроед Џонсон, Меј политички многу погрешно ја водела дебатата за ирската граница за време на преговорите за брегзитот.