12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнѓушев на самит на бизнис лидери во Белград

Анѓушев на самит на бизнис лидери во Белград

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев денес и утре на покана на организаторот ќе учествува на „Седмиот Самит 100 – Бизнис лидери во Југоисточна Европа“ со наслов „Дигитален скок за квантен раст“ кој се одржува во хотел Хајат Реџенси во Белград, Република Србија.

Во текот на денешниот ден, од 16.30 часот во Кристалната сала на хотел Хајат, Вицепремиерот Анѓушев ќе биде дел од панел дискусијата „Кои резултати ќе направат вистинска разлика за регионот?“, на која ќе дискутираат и други Владини претставници и бизнис лидери од регионот.

Во текот на утрешниот ден, со почеток од 14.30 часот, во конференциската сала на 7 кат, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и потпретседателот на Владата на Република Србија Расим Љајиќ, ќе дискутираат на панелот „Дали регинот може да се натпреварува на глобалниот пазар“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП