3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВремето умерено облачно, во западните и југозападните делови претпладне со услови за...

Времето умерено облачно, во западните и југозападните делови претпладне со услови за локален дожд

Времето денеска ќе биде умерено облачно, а во западните и југозападните делови претпладне ќе има услови за појава на локален дожд, информираа од УХМР.

Синоптичарите соопштуваат дека и денеска ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено попладне. Температурата во земјава ќе се движи 22 до 27 степени.

Времето и во Скопје умерено облачно со умерен до засилен северен ветер, и температура до 24 степен.

Во наредните неколку дена нашето подрачје ќе се наоѓа на периферија од циклонската активност од Медитеранот, времето во наредните денови ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, локално ќе има услови за слаб и краткотраен дожд. Температурата на воздухот ќе има благ пораст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП