29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар се надева дека туризмот ќе го извлече од криза

Кипар се надева дека туризмот ќе го извлече од криза

kipar2

Откако кипарскиот банкарски сектор оваа пролет претрпе голем удар, поевтините понуди на летните аранжмани ги привлекуваат туристите, но не и потребната потрошувачка.

На песочната плажа Aфродита, каде според легендите божицата на љубовта се родила од морската пена, туристите уживаат во сонцето и пливањето во чистите води на источниот Медитеран.

„Овде доаѓав повеќе пати и кризата ништо не променила“, рекол 55-годишниот Џон, консултант од Велика Британија.

„Само што овој пат понесов повеќе пари. Но, морам да признаам дека рестораните се се повеќе празни“, додал тој.

Откако во март, кипарските банки беа затворени во текот на 12 дена, што предизвика големи редови пред банкоматите, кипарската влада сега одлучи да се фокусира на туризмот, кој долги години носел големи пари.

Во овие рамки, владата вети дека погодениот авиопревозник „Cyprus Airways“ ќе го одржи во живот до крајот на оваа сезона.

„Изненадувачки е дека оваа сезона започна подобро од сезоната од минатата година, но луѓето се со поскромен буџет“, изјави Јоргос Николау, 48- годишниот сопственик на хотел во Ларнака.

Туристичкиот сектор е од клучно значење за Кипар, бидејќи минатата година 2,46 милиони туристи придонесоа со 1,92 милијарди евра или 10,5 проценти од БДП на Кипар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП