2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвион "Боинг 737" слета во вода(видео)

Авион “Боинг 737” слета во вода(видео)

Сите патници и членови на екипажот го преживеаа принудното слетување на авионот на компанијата „Ер Ниугини“, во лагуна во Пацификот, соопштија новозеландските власти. Несреќата се случила во раните утрински часови, кога авионот удрил во морскиот брег на пистата на островот Чук во Микронезија.

На видео-снимката се гледа како патниците и членовите на екипажот се спасуваат од полупотонатиот авион и со чамци се превезуваат до брегот. Агенцијата Ројтерс пренесе дека во авионот се наоѓаат 36 патници и 11 членови на екипаж.

Како што се наведува, авионот „боинг 737“ удрил во лагуна која ја опкружува пистата во 9.30 часот по локално време, а сите патници и членови на екипажот се префрлени во болница, иако никој не е сериозно повреден.

„Ер Ниугини“ е национална авио-компанија на Папуа Нова Гвинеја.

Микронезија се наоѓа северно од Австралија и источно од Филипини и во неа живеат околу 100.000 жители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП