17 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААрсовска: За економски раст потребна е гаранција на безбедноста на инвестициите

Арсовска: За економски раст потребна е гаранција на безбедноста на инвестициите

Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска е во службена посета на Вашингтон. Целта на посетата е отпочнување на разговори за унапредување на правилата на работа кои ќе гарантираат безбедност на домашните и странски инвестиции, а кои треба да се усвојат најдоцна до 2020 година.

„Административните правила по кои ќе работат националните институции играат важна улога во економскиот развој, а крајна цел на овие разговори е поттикнување на домашните и странските инвестиции во земјите во развој. Доколку не се овозможи хармонизација со глобалните правила и практики, ќе заостануваме на полето на економијата, бидејќи брзите промени на закони и неконсултирањето на релевантните засегнати страни т.е деловната заедница, секогаш ќе резултираат со несигурност во инвестициите и зголемена можност за спорови при имплементација. Затоа и Република Македонија потребно е да се посвети кон креирање на квалитетни и одржливи законски решенија кои ќе ги отстранат сомнежите кај инвеститорите дека РМ е несигурна и нестабилна за инвестирање на домашен или странски капитал“, изјави Арсовска.

Таа додаде дека доколку легислативата биде хармонизирана со најдобрите светски практики минимална ќе биде можноста за трговски спорови со што се подобрува позицијата на Република Македонија за привлекување странски инвеститори, но и за зголемување на бројот на домашните инвестиции.

Арсовска учествуваше и на трансатлантската безбедносна иницијатива на трибина на Атлантскиот Совет на тема “Од Пентагон: Улога на жените во националната безбедност” која се фокусира на многу од стратешките предизвици со кои се соочуваат САД и нејзините сојузници. Настанот го отворија жени лидери од областа како Кетлин Мекинис која како експерт работеше со фокус на НАТО во кабинет на Секретарот за одбрана на САД, како и Кристин Е. Вормут која беше Подсекретар за одбрана задолжен за политики во Министерството за одбрана на САД.

За време на посетата во Вашингтон, Арсовска предвидено е да оствари средби со инвеститори и претставници на стопанските комори од САД и Светската банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП