5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрв Регистар на оператори со органски производи

Прв Регистар на оператори со органски производи

Преку 600 оператори со органски призводи се опфатени со Регистарот што ќе го промовира денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Ова е прв Регистар на органски оператори во земјава, а опфаќа производители, преработувачи и трговци.

– Регистарот содржи податоци за секој производител, преработувач и трговец со органски производи, но доминираат производителите. Практично, се овозможува пристап до информации во секое време за тоа каде има органски производи, кој ги произведува и каков вид органски производи се нудат. Во регистарот се наведени и контакти на операторите, па кој сака може директно да ги искомуницира, вели за МИА Габриела Мицевска од ИМЕ Програмата што ја финансира Швајцарската агенција за развој и соработка.

Швајцарската агенција за развој и соработка му помогна на Министерството за земјоделство да го изготви Регистарот.

На промоцијата во МЗШВ ќе присуствува и ресорниот министер Љупчо Николовски. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП