26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа еврозоната повеќе не и треба ММФ

На еврозоната повеќе не и треба ММФ

mmf3

Шефот на Европскиот стабилизационен механизам „ЕСМ“, Клаус Реглинг, изјави дека еврозоната во иднина би требало да дејствува без помошта од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Во текот на изминататите три години, Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд работеа заедно на управувањето со пакетите помош за Грција и другите земји кои имаа потешкотии.

Меѓутоа, тензиите неодамна се зголемија откако Меѓународниот монетарен фонд изрази загриженост во врска со пристапот на Европа кон Грција, пренесува агенцијата АП.

Реглинг, за германскиот весник „Франкфуртер алемајне цајтунг“, изјави дека стучното мислење на Меѓународниот монетарен фонд и понатака е потребно „на краток и подолг рок“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП