24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦентралните банки со зголемено темпо купуваат злато

Централните банки со зголемено темпо купуваат злато

Централните банки во светот се едни од најголемите купувачи на злато во оваа година, а според обемот на нарачките, тие го достигнаат највисокото ниво од пред 6 години, покажа анализата на финансиската група „Macquarie“, цитирана од „Financial Times“.

Вкупно 264 тони злато имаат купено централните банки во светот во оваа година, според анализата, ова е највисокиот обем кој беше забележан пред 6 години.

Додека во купувањето на злато, доминираат централните банки на Русија, Турција и Казахстан, а пак Полска исто така купува злато за прв пат од 1998-ма година, според „Macquarie“.

„Единствениот недвосмислен позитивен сектор за златото во ова време е централната банка“, посочува финансиската група.

Цената на златото забележа пад од 10 отсто во оваа година, страдајќи од силниот американски долар и зголемениот принос на американските државни хартии од вредност.

Ова го прави благородниот метал помалку атрактивен за инвеститорите, бидејќи во моментов не носи профит.

Една од можните причини за големите нарачки од злато од централните банки е обидите да се диверзифицираат нивните резерви во американски долари, се вели во анализата.

Според финансиската група, зголемената побарувачка од страна на централните банки, во момент во кој златото не бележи силен интерес и страда од вишок во достапноста, може да се покаже како можност за неговата цена.

Во август, Полска купи 7 тони злато, кои ги додаде во своите резерви. Ова се случува откако земјата купила 2 тони злато во јули, според Меѓународниот монетарен фонд. Ова е прва нарачка на злато од членка на Европската унија во овој век.

„Macquarie“ предвидува дека интересот на централните банки за златото може да се зголеми.

Злато се тргува за 1,181 долари за унца, според „goldprice.org“, два дена откако американските федерални резерви ги зголемија каматните стапки по трет пат во оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП