13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерот Бектеши додели признанија на најуспешните туристички работници по повод Светскиот ден...

Министерот Бектеши додели признанија на најуспешните туристички работници по повод Светскиот ден на туризмот

Честитајќи им го Светскиот ден на туризмот – 27 Септември на традиционалната манифестација што Министерството за економија ја организира секоја година, министерот за економија, Крешник Бектеши додели признанија на најуспешните туристички работници.

Признанија добија поединци, здруженија и деловни субјекти од туристичкиот сектор, во повеќе различни категории како: хотел, со поткатегориите: спа, градски, езерски, планински и нова инвестиција; ресторан; сместувачки капацитет од физичко лице; туристичка агенција генерално и агенција за дојдовен туризам; туроператори; манифестација; туристички водич, како и најдобар проект од областа на туризмот, информираа од министерството за економија веднаш по завршувањето на манифестацијата.

Бектеши се заблагодари на сите чинители од стопанскиот, научниот и културно-општествениот живот во Република Македонија, кои на директен или индиректен начин со своето професионално делување имаат влијание врз развојот на туризмот во земјава.

„Минатата година ја завршивме со бројка од вкупно 998.841 туристи и 2,8 милиони ноќевања. Во првото полугодие од оваа година бројот на туристите е зголемен за 16.4 %, а само во јуни имаме зголемување на туристите за 20.7 %. Изразено во апсолутни бројки, во првото полугодие влегле вкупно 433.361 турист, односно имаме вкупно 923.855 остварени ноќевања. На прагот сме на своевиден рекорд од осамостојувањето до денес – до крајот на годината да ја надминеме бројката од 1 милион туристи и да оствариме 3 милиони ноќевања! Значи, наместо до 2020, ние предвреме ќе ја оствариме зацртаната цел“, изјави Бектеши.

Според него, статистичките податоци се уште еден сигнал дека политиките се одлично поставени, но ќе мора уште да се работи бидејќи целите се многу поамбициозни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП