2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел со предупредување за субвенциите за електрични автомобили

Меркел со предупредување за субвенциите за електрични автомобили

Субвенциите за купување електрични возила во Германија доведоа до раст на побарувачката, но тие не можат да траат вечно, рече канцеларката Ангела Меркел.

Германија сака да ја зголеми продажбата на електрични автомобили, особено по скандалот поради лажирањето на еколошките тестови на дизел моторите кој ја погоди автомобилската индустрија во изминативе три години.

Благодарение на стимулациите од милијарди евра, продажбата минатата година се зголеми повеќе од двојно.

„Станува збор за продолжување… Но, тоа не може да бидат постојани субвенции“, рече Меркел, додавајќи дека целта од милион електрични возила ќе биде постигната во 2022 година, наместо во 2020.

Исто така, ги повика европските земји да започнат со развој на батерии кои сега главно се снабдуваат од азиските производители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП