5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗаев во грчката фабрика „СЕКЕ“ во Крушево: Се радувам на секоја нова...

Заев во грчката фабрика „СЕКЕ“ во Крушево: Се радувам на секоја нова странска инвестиција

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев ја посети новоотворената фабриката за откуп, преработка и трговија со тутун „СЕКЕ“, во индустриската зона Опаленик, Крушево.

На средбата со менаџментот на компанијата „СЕКЕ“, Заев ја поздрави одлуката на раководството да инвестира во фабрика и да го зголеми својот обем на работа, бидејќи како што истакна, странските инвестиции се исклучително важни за Македонија, со нив се отвораат нови работни места, а на тој начин се подобрува и стандардот на граѓаните.

„Ова исто така е и одраз на пријателството коешто го градиме со Грција. Македонија има огромен потенцијал на тутун и мило ми е што фабриката ќе придонесе за посигурен откуп на тутунот“, додаде Премиерот Заев.

Претседателот на бордот на директори на фабриката „СЕКЕ“, Панајотис Таренидис, го информираше Премиерот Заев дека засега во фабриката се вработени 55 луѓе, но дека таа бројка за само неколку месеци ќе се зголеми на 350.

Со работењето на фабриката, како што рече Таренидис ќе им помогнеме на тутунопроизводителите, ќе го забрзаме развојот на локалната, но и на целокупната економија во Република Македонија.

Основачот и сопственик на компанијата во Македонија, „СЕКЕ СА Ксанти“, фирма којашто од пред околу 70-тина години е формирана во Ксанти како Кооперативна унија на тутунопроизводители, инаку втора по големина по количина на откупен ориентален тутун на Балканот. По 3-годишно работење на компанијата во регионот, „СЕКЕ ДООЕЛ Прилеп“ инвестираше во изградба на нова фабрика. Половина од инвестицијата за изградба на објектот е од сопствен капитал на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП