8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLEVI’S® and Justin Timberlake ја објавуваат соработката за 2018 година(фото)

LEVI’S® and Justin Timberlake ја објавуваат соработката за 2018 година(фото)

Levi’s® денес ја најавува соработката со десеткратниот добитник на Греми награда и актер, Џастин Тимберлејк. Заедничката колекција наречена “Fresh Leaves” е модерно видување на легендарните парчиња на Levi’s инспирирано од музиката на Тимберлејк.

Колекцијата “Fresh Leaves” ќе биде достапна почнувајќи од октомври во селектирани продавници, меѓу кои и Levi’s во Skopje City Mall.

“Како симбол на автентичното изразување, Levi’s отсекогаш го носеле музичари со оригинален стил, како и нивните фанови низ светот. Џастин го претставува автентичниот дух на брендот и ние сме горди да бидеме партнери со него во оваа колекција,” вели Џенифер Сеј, Извршен Маркетинг Директор на Levi Strauss & Co.

Името “Fresh Leaves” доаѓа од концептот на Тимберлејк кој остава свој печат и дава своја интерпретација на безвремените парчиња кои ќе останат за генерациите што доаѓаат. Тимберлејк работеше со дизајн тимот на Levi’s на преработка на класичните парчиња – познатите модели, бои, принтови и силуети сега доаѓаат во нов, освежен изглед.

“Облеката е важна за креативниот процес на музичарот и за настапите исто како и музката. Оваа колекција во соработка со Levi’s е мој обид да споделам дел од искуството со моите обожаватели”, вели Тимберлејк.

Џастин во партнерство со дизајн тимот на Levi’s® создава ексклузивна колекција за мажи која почива на идејата да се спои препознатливото со неочекуваното. “Искористивме класични материјали како платно, фланел, тексас и карирани дезени и додадовме елементи од уличната мода и современи детали”, вели Карин Хилман, Директор на Производство во Levi Strauss & Co.

Капсулната колекција вклучува и нови производи како 501 слим фармерките, додаток во фамилијата на 501 моделот, како и “Тrucker” јакната која е печатена со новата ласерска дигитална технологија Project FLX.

Ова не е прва соработка на Тимберлејк со Levi’s – за 50 годишнината на познатата Trucker јакна на брендот, тој е поканет да учествува во нејзиното персонализирање, а тогаш е создадена и мини колекцијата од јакни и кошули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП