29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФЕД ги зголеми каматните стапки, но ги разочара инвеститорите

ФЕД ги зголеми каматните стапки, но ги разочара инвеститорите

По дводневниот состанок, челниците на ФЕД вчера одлучија да ги зголемат каматните стапки за 0,25 процентни поени, во опсег од 2 до 2,25 проценти, што е веќе трето зголемување на каматните стапки од почетокот на годината.

Ова е во согласност со очекувањата на пазарите, па веднаш по објавувањето на оваа одлука цените на акциите пораснаа.

Инвеститорите се надеваа дека ФЕД ќе сигнализира дека до крајот на годината би можеле уште еднаш да ги зголемат каматните стапки, а потоа некое време да го завршат циклусот на монетарно затегнување. Сепак, ФЕД сигнализираше дека, освен во декември, каматните стапки може да ги зголеми уште три пати во 2019 година, а потоа уште еднаш во 2020 година.

Ова ги вознемири инвеститорите, бидејќи според тоа сценарио клучната каматна стапка би можела да достигне 3,4 проценти, приближно половина процентен поен над таканареченото “неутрално” ниво на камата, што покажува дека монетарната политика не е ниту охрабрувачка ниту рестриктивна.

Претседателот на ФЕД, Џером Пауел изјави на прес-конференција дека централната банка внимателно ја следи инфлацијата, изразувајќи загриженост дека силниот раст во економијата на САД може да доведе до прегревање и да ги присили ФЕД за дополнително зголемување на каматните стапки.

Тоа ги разочара инвеститорите кои очекуваа дека циклусот на кревање на каматните стапки  е при крај, па цените на акциите пред крајот на тргувањето паднаа и индексите завршија во минус.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП