5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТевдовски: ЕУ поддржува изградба на инфраструктура во Македонија

Тевдовски: ЕУ поддржува изградба на инфраструктура во Македонија

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, оствари средба со градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов. Во фокусот на средбата беа тековни и планирани инвестиции во општината, информираат од Министерството. А со таа цел, додаваат оттаму, заедно извршиле увид на градежните работи на булеварот Првомајска, кој во моментот се реновира.

Проектот се реализира преку проектната единица на МСИП на Светската банка во Министерство за финансии. Средствата за негова реализација се обезбедени преку ЕУ, додаваат од Министерството за финансии во своето соопштение.

„Европската Унија инвестира во инфраструктурни проекти. Нашите партнери го поддржуваат развојот со над 90 милиони евра годишно“, истакна Тевдовски.

Овие проекти се важни за локалната економија и за Владата приоритетен е економскиот развој, додаваат во соопштението.

Тевдовски заедно со градоначалникот оствари средба и со стопанствениците.

„Водиме политика со која се поддржуваат домашните компании. Првпат има сериозна поддршка за нашите компании од буџетот“, порача тој.

Тевдовски, меѓу другото, нагласи и дека влезот во НАТО ќе придонесе за раст на странските инвестиции. Безбедноста е најважна за инвеститорите.

Со стопанствениците беше разговарано и за повратот на ДДВ, а министерот за финансии ги информирал дека во август има 2,7 милијарди денари поврат на ДДВ. Повратот на ДДВ кон фирмите се прави навреме и неселективно. Ова е важно за подобрување на ликвидноста, истакна министерот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП