Новата пречистителна станица за отпадни води во Гевгелија денеска беше пуштена во употреба.
„Денес и Гевгелија се приклучува на градовите каде со отварањето на пречистителната станица заживуваат европските стaндарди во областа на прочистување и третман на отпадните урбани води“, истакна заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.
Пречистителната станица за отпадни води во Гевгелија е со капацитет на третман на отпадните води од 30.000 еквивалент жители.
Изградбата на на оваа пречистителната станица за отпадни води во Гевгелија е трилатерален проект финансиски подржан од Владата на Швајцарската конфедерација, претставувана преку SECO, Владата на Република Грција, претставувана од страна на Министерството за надворешни работи и Владата на Република Македонија, корисник на проектот, претставувана од Министерството за животна средина и просторно планирање.