3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНавремени информации за времето се од корист за македонските земјоделци

Навремени информации за времето се од корист за македонските земјоделци

Екстремните временски појави претставуваат сериозна опасност за земјоделството и руралната економија, поради што македонската Влада ја препознава важноста на редовното информирање и системите за рано предупредување за заштита на земјоделието од климатските промени.

На денешната работилница во Градско, ФАО, Управата за хидрометеоролошки работи и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство организираа група учесници од разни области – вклучително Агенцијата за поддршка и развој на земјоделството, организациите на земјоделци и граѓанските здруженија – за да ги претстават достигнувањата и да ги идентификуваат идните потреби за зајакнување на агро-метеоролошкиот сектор.

Во проектот со цел намалувањето на ранливоста на земјоделството од климатските промени, имплементиран меѓу 2016 и 2018 година, ФАО даде поддршка на Управата за  хидрометеоролошки работи за создавање и дистрибуција на климатски и агрометеоролошки податоци значајни за земјоделското производство.

Tри нови автоматски метеоролошки станици се инсталирани во Градско, Кочани и Струмица  – региони кои се карактеризираат со интензивно производство на грозје, ориз и градинарски култури. Новите метеоролошки станици ќе помогнат при собирање на важни климатски податоци од секој регион и произведување на ажурирани агрометеоролошки информации од важност за локалните производители и изборот на нивните земјоделски практики.

Освен зголемената мрежа за собирање на податоци, проектот овозможи поддршка за дигитализација на климатските податоци од последните 20 години за подобра анализа на климатските трендови. Сите податоци се достапни на новоформираната веб страница  agrometeo.mk , која ја одржува Управата за хидрометеоролошки работи. Страницата нуди историски податоци за климата, агрометеоролошки аларми, како и фенолошко набљудување и предвидувања кои на земјоделците можат да им помогнат во справување со појавата на штетници како резултат на климатските промени. Во пилот регионите, навременото и точното информирање има за цел да им помогне на земјоделците да имплементираат соодветни агротехнички мерки, едновремено зачувувајќи ја природната средина.

ФАО исто така соработуваше со граѓанскиот сектор во справувањето со недоволната застапеност на климатските промени во македонскиот образовен систем. Почнувајќи од училишната година 2018-19, климатските промени се официјално воведени во наставната програма во македонските средни земјоделски училишта.

За да помогнат во поддршката на земјоделците да се адаптираат кон климатските промени,  советниците од Агенцијата за поддршка и унапредување на земјоделството беа исто така обучени во неколку области, вклучително агрометеорологија, контрола на штетници и болести (имено болестите Син јазик и Јазлеста кожа), како и мерки за справување со температурни шокови кај стоката.

На денешната работилница, која заврши со теренска посета на мерната станица во Градско и винаријата Стоби, учесниците разговараа за можноста за натамошно унапредување на агрометеоролошките податоци според потребите на корисниците и проширување на нивната достапност за земјоделците.

 

ЛИНКОВИ:

Скопје се справува со влијанието на климатските промени врз земјодeлството

http://www.fao.org/europe/news/detail-news/en/c/1038244/

 

ФАО и Македонија потпишуваат тригодишен договор

http://www.fao.org/europe/news/detail-news/en/c/1144995/

 

Сеопфатна анализа на системот за намалување и управување со ризиците од катастрофи и во земјоделството во Македонија

http://www.fao.org/publications/card/en/c/I8363EN

 

Обука за болестите Јазлеста кожа и Син јазик во Македонија http://www.fao.org/europe/events/detail-events/en/c/1095618/

 

Работата на ФАО во областа на климатските промени

www.fao.org/climate-change/en/

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП