22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМожностите за инвестирање во Македонија презентирани на годишното собрание на најголемата Малезиска...

Можностите за инвестирање во Македонија презентирани на годишното собрание на најголемата Малезиска стопанска комора- MICCI

malezija

Во рамки на годишното собрание, денеска најголемата стопанска комора на Малезија пред своите членови ги промовираше условите и можностите за инвестирање и развој на трговските односи со Македонија.
Како што најавија од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Р.Македонија по средбата на директорот Висар Фида и промотерот на Македонија во Малезија, Тони Атанасовски со претставници од малезиската комора во април годинава, интензивно продолжува соработката на Агенцијата и стопанска комора на Малезија.

Во Малезија се остварени средби со најугледните компании членки на ова здружение. На средбите се дискутирало за можностите за организирање на бизнис форум на малезиски компании во Македонија.
“Релативно непознатиот пазар од овој регион истотака може да биде добра шанса за извоз на македонски производи. Посветуваме големо внимание на промоција на Македонија во Малезија и овој регион, се со цел добро да ги искористиме сите можности за инвестирање и промоција на извозот ”, изјави директорот на Агенцијата Висар Фида.

Малезија како и другите земји членки на ASEAN имаат капацитет за инвестирање надвор од регионот, а како посебно таргетирани се компаниите кои веќе имаат потреба од проширување на постоечките капацитети и имаат постоечка соработка и извоз во Европската Унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП