13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОсмани: Државата ќе обезбеди поддршка за усогласување на бизнисот со европските стандарди

Османи: Државата ќе обезбеди поддршка за усогласување на бизнисот со европските стандарди

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со министерот за образование и наука, Арбер Адеми, министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку остварија заедничка средба со стопанственици од Стопанската Комора на Северозападна Македонија.

На средбата соговорниците разменија информации во однос на состојбите и предизвиците на бизнис секторот, на самите бизнисмени, но и за потенцијалите и можностите кои произлегуваат од европските перспективи на земјава, и тоа уште во самиот процес на преговори.

„Самото приближувањето до Европската Унија значи и усогласување на македонските правила, стандарди со оние на Унијата, нешто во што покрај државата, свој дел мора да преземат и останатите општествени сегменти, при што веројатно голем товар околу усогласувањето на земјата ќе се пренесе и на бизнис секторот“ истакна Османи, посочувајќи дека отворањето на границите на европскиот пазар за производите и услугите од Република Македонија, претставува и бизнис можност, но и дополнителен предизвик за адаптација на производството, на квалитетот, стандардизацијата итн., согласно европските правила и стандарди.

,,Дополнително, пазарите се отворат двонасочно со што нашиот пазар станува поконкурентен, нешто на што нашите бизниси мора да се адаптираат, и за што секако, во периодот што следува, ќе ја имаат и поддршката од страна на државата, особено преку интервенциите со средствата од ИПА фондовите, чија намена е токму адаптација со европските стандарди и правила”, додаде Османи.

Во рамки на денешниот состанок соговорниците заеднички се сложија дека сѐ на сѐ, приближувањето до Европската Унија претставува бенефит за бизнисот, исклучителна можност за нивен забрзан развој, напредок, но и предизвик на самите бизнисмени да се докажат и по европски, а не само по балкански правила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП