11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bank отвори трезор во Сингапур за 200 тони злато

Deutsche Bank отвори трезор во Сингапур за 200 тони злато

zlato15

„Deutsche Bank“ отвори трезор во Сингапур за чување на злато.

Трезорот може да собере 200 тони злато, со вредност, според моменталните цени, од околу 9 милијарди долари.

Објектот во Сингапур, зад објектот во Лондон, е вториот по големина кој го поседува „Deutsche Bank“. Покрај овие два, банката има трезор и во Цирих и Хонг Конг.

Сефовите за злато традиционално се наоѓаат во Лондон, Цирих и Њујорк, меѓутоа растечката побарувачка на злато на азискиот пазар предизвика недостаток на простор за складирање на овој скапоцен метал.

Златото има трајна вредност, тоа е безбедно засолниште за капиталот во несигурните времиња, физички скапоцените метали се користат како гаранција за се поголемите износи на капитал во оптек на берзата.

На комерцијалните банки им се исплати да чуваат злато, бидејќи тие често наплатуваат профизија на одреден процент од вредноста на златото кое го чуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП