9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКабинетот на Меј: По брегзит приоритет се висококвалификуваните мигранти

Кабинетот на Меј: По брегзит приоритет се висококвалификуваните мигранти

Mинистерскиот кабинет на британската премиерка Тереза Меј се согласи миграцискиот систем на Британија по брегзит да се фокусира на висококвалификувани работници мигранти, но и да им овозможи на компаниите да ангажираат помалку квалификувани странски работници, објави Фајненшал тајмс денес.

Минатата недела официјалните британски експерти препорачаа да им се даде приоритет на работниците мигранти со висока квалификација по напуштањето на Британија од ЕУ и дека работниците од земјите на Унијата не треба да имаат посебна наклоност од компаниите кога ќе ги ангажираат, а таквите предлози загрижија некои бизнис-лидери.

„ФТ” денес пишува дека, иако министрите ги поддржаа експертските предлози на состанокот во понеделникот, идејата да не им се дава приоритет на работниците од ЕУ може да се промени ако или кога Велика Британија ќе постигне трговски договор со ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП