17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВашингтон подготвува нов поттик за трговски договори со Европа и Азија

Вашингтон подготвува нов поттик за трговски договори со Европа и Азија

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се обраќа на своите сојузници во Европа и Азија за склучување на трговски договори по уште едно влошување на односите со Кина поради новите реципрочни царини меѓу двете земји.

Во понеделникот Трамп потпиша нов договор за слободна трговија со Јужна Кореја, зголемувајќи ги напорите за да направат нови договори следната недела, објави „Wall Street Journal“.

До среда, шефот на државата се надева дека ќе ја убеди Јапонија да се вклучи во формалните билатерални трговски разговори, дел од напорите на администрацијата во Генералното собрание на ОН во Њујорк. Официјални претставници на Вашингтон, исто така, планираа средби со колегите од Европската унија, во обид да ја унапредат рамката за проширување на трговската размена во јули.

„Покрај овој договор, работиме и на многу други договори – реципрочни договори“, рече американскиот претседател по потпишувањето на договорот со Јужна Кореја.

Акциите на Вашингтон се случија откако САД воведоа нов пакет од 10 отсто за кинеската стока во вредност од 200 милијарди долари увезени стоки, на кои Пекинг одговори со своите увозни давачки од 60 милијарди долари. Американските власти, исто така, се очекува да почнат да ја разгледуваат можноста за нови увозни давачки за 267 милијарди долари, што практично ќе ги покрие сите кинески стоки што се продаваат во САД.

Неделните напори на Трамп, исто така, се совпаднаа со еден нов период на неволја во напорите на администрацијата за преработено северно-американски договор за слободна трговија. Вашингтон сака Канада да се приклучи до 30-ти септември до постигнатиот веќе со Мексико договор, но преговорите со Отава пропаднаа минатата недела поради недоразбирања за голем број теми и требаше да бидат обновени во понеделникот вечерта.

Администрацијата исто така е притисната и од тензиите околу претстојните избори за Конгрес во почетокот на ноември, на кои Републиканската партија на претседателот има реални шанси да загуби мнозинството.

Веќе потпишаниот договор со Сеул е дел од обидите на Вашингтон да се осврне на загриженоста на бизнисот и гласачите за трговската политика на Белата куќа. Пред потпишувањето Доналд Трамп изјави дека новиот договор доаѓа по долго време и претставува „основно модификација“ на досегашниот, кој го опиша како „многу нефер“ за САД.

Што се однесува до европските преговори, комесарот за прашањата на трговијата Сесилија Малмстром опиша дијалогот со САД како „понекогаш болно“, но и покрај тоа, изјави дека се оди кон постигнувањето на „поограничено трговски договор“. Таа, исто така, се подготвува да го олесни увозот на гас во САД, како и да ја олесни бирократијата во трговијата меѓу двете земји.

„Нашите луѓе разговараат еден со друг. Ќе имаме уште еден состанок во ноември“, рече Малмстром, која е во Њујорк во врска со состаноците на ОН и други состаноци.

Еврокомесарот исто така посочи и една област на напредок, имено обединувањето на ЕУ со САД и Јапонија за промена на правилата на Светската трговска организација, за да се ограничат државните субвенции на Кина во одредени сектори, како и да се намали принудниот трансфер на технологии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП