Продолжувањето на кинеско-американските трговски преговори е отежнат поради тоа што САД и ставаат “нож под грло” на Кина, изјави заменик-министерот за трговија на Кина Ванг Шоувен, објави Ројтерс.
Се наведува дека Ванг на прес-конференцијата рекол дека обновата за датумот за преговорите зависи од “волјата на САД.” “Не може да се каже дека сите претходни дискусии за трговија се бескорисни, но САД се откажа од меѓусебното разбирање со Кина “, рече Ванг.
Кинескиот министер за надворешни работи и Државен советник Ванг Ји рече дека со судирот меѓу Кина и САД, и двете страни губат, и додаде дека преговорите со Вашингтон не можат да се одвиваат под закани и притисок.