29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчките власти со дронови во лов на затајувачите на данок

Грчките власти со дронови во лов на затајувачите на данок

Грчките власти соопштија дека првпат користеле беспилотни летала односно дронови за да ги откријат затајувачите на данок.

Властите првпат употребиле дрон на егејскиот остров Санторини со цел да бидат откриени сопствениците на бродови кои превезуваат туристи, а не издаваат фискални сметки.

Управата за јавни приходи соопшти дека минатата недела дроновите по цели денови следеле девет бродови за излети и дека било потврдено дека екипажот не им издавал сметки на туристите, со што затаиле 25 000 евра данок.

Даночната служба соопшти дека во летувалиштата во Грција се засилени инспекциите. Според податоците на Народната банка, Грција во 2017 година ја посетиле 27 милиони туристи, речиси 10 отсто повеќе отколку во 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП