16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговци на нафта: Барелот ќе достигне 90 долари

Трговци на нафта: Барелот ќе достигне 90 долари

Трговците на нафта во компанијата  Trafigura и Mercury објавија дека  нафтата може да достигне 90 долари  за барел до Божиќ и да надмине 100 долари на почетокот на 2019 година, со оглед дека ситуацијата на пазарите ќе биде напната кога САД во ноември во потполност ќе воведе санкции против Иран.

Од Ј.П. Морган изјавија дека американските санкции против Иран би можеле да доведат до пад на понудата за 1,5 милиони барели дневно, а од Mercury предупредуваат дека дури 2,0 милиони барели на ден може да бидат тргнати од пазарот.

Податоците за движењето на танкери со нафта и производството на нафта покажуваат дека извозот на нафта на Иран почна да опаѓа пред воведувањето санкции против иранскиот сектор на нафта од страна на САД.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), во која доминираат земјите од Блискиот Исток и Русија, водечки производител надвор од ОПЕК, разговарале за зголемување на производството за да се надомести прекинот од испораките од Иран, иако сеуште не најавија каква било одлука. Лидерот на ОПЕК, Саудиска Арабија, и нејзиниот најголем сојузник во производството Русија, во неделата отфрлија било какво “инстант” зголемување на производството, практично се одбива апелот на претседателот на САД, Доналд Трамп за да се преземе акција како би се “изладил” пазарот.

Рускиот министер за енергетика Александар Новак, исто така, истакна дека нема потреба да се зголеми производството. Новак верува дека трговската војна меѓу Кина и САД, како и санкциите на САД против Иран, се нови предизвици за нафтениот пазар.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП