14 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина ги прекина трговските преговори со САД

Кина ги прекина трговските преговори со САД

Кина ги прекина трговските преговори со Соединетите Американски Држави, по новата рунда увозни царини меѓу двете земји.

Повикувајќи се на официјален став на Кина, весникот „Вол стрит журнал“ наведе дека ваквата тактика на САД нема да ја стимулира соработката со кинеската страна и Пекинг ќе се придржува до својот став да избегнува преговори под притисок.

Кина остави можност за почеток на нови преговори со Вашингттон следниот месец.

Денеска Државниот совет на Кина наведе дека Вашингтон со своите изјави и постапки си противречи самиот на себе. Советот истакна дека постапките на САД нанеле сериозна штета врз трговските и економските односи помеѓу двете земји, на коишто долги години напорно работеле владите и народите на Кина и САД.

Пред една недела американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека од денеска воведува царина по стапка од 10 проценти на стоката од Кина во вредност од 200 милијарди долари, а од 1 јануари царината ќе порасне на 25 проценти.

Кина одговори дека од денеска воведува исти увозни давачки за повеќе од 5 200 американски производи, во вредност од 60 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП