29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ ја педупредува италијанската влада

ЕЦБ ја педупредува италијанската влада

ecb2

Европската централна банка (ЕЦБ) ја предупреди владата на италијанскиот премиер Енрико Лета, наведувајќи дека напорите на Италија која е погодена од рецесија, се доведени во прашање.

Европската комисија претходно минатиот месец препорача да се угаси процедурата за надзор на италијанскиот дефицит, покрената во 2009 година, пренесува агенцијата Франс прес.

Официјален Рим прогнозираше дека буџетскиот дефицит оваа година ќе биде под границата на ЕУ од три проценти од БДП, односно 2,9 проценти, откако минатата година изнесуваше три проценти.

Меѓутоа, поради стравувањата дека буџетските приходи ќе потфрлат ако Италија пред крајот на 2013 година не успее да се извлече од најдолгата рецесија во последните 20 години, ЕЦБ смета дека постои опасност дека Рим повторно ќе ја прејде границата за дефицитот од три проценти од БДП.

„Ризиците околу намалувањето на дефицитот главно се поврзани со влошувањето на макроекономската ситуација, како и со трендот на слаб раст на приходите и зголемувањето на трошоците“, наведува ЕЦБ.

Италијанскиот премиер Енрико Лета неодамна ја советуваше ЕЦБ на владите да им овозможи повеќе слобода во областа на буџетските правила, за да можат тие да ги охрабрат инвестициите кои се потребни за отварање на нови работни места.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, сепак, смета дека тоа не е добра идеја, „Мислам дека е погрешно да се калкулира со инвестициите надвор од националниот буџет“, изјави Шојбле

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП