2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPeugeot ги претстави plug-in хибридите 3008, 508 и 508 SW (фото+видео)

Peugeot ги претстави plug-in хибридите 3008, 508 и 508 SW (фото+видео)

Францускиот произодител направи чекор напред во правец на електрификацијата на своите модели.

Понудата на погонските системи на трите „Peugeot“ модели е завршена со еколошки верзии.

„Peugeot 3008“ со plug-in хибриден погон е опремен со најбогатиот „GT“ пакет. Во моќната верзија автомобилот ја има ознаката „HYBRID4“, со оглед дека овој „3008“ – зa разлика од оние со конвенционални мотори има и погон на сите 4 тркала.

Oвој вид погон е овозможен благодарејќи на конфигурацијата на електричните компоненти во рамките на хибридниот систем.

Имено, „Peugeot 3008 HYBRID4“ покрај 1.6-литарскиот „PureTech“ бензинец со 200 ks (147 kW) има и два електромотори, секој од по 110 ks (80 kW).

Едниот електромотор ја предвижува предната, а другиот задната осовина.

„Peugeot“ соопшти дека вкупната комбинирана моќ на хибридниот систем 300 ks (220 kW) и дека автомобилот ќе забрзува од место до 100 km/h зa 6,5 секунди.

Пакетот батерии има капацитет од 13,2 kWh обезбедува автономија во возењето на електрична енергија од околу 50 km, мерени според новиот тест „WLTP“.

Покрај „HYBRID4“ погонскиот систем, купувачите на располагање ќе имаат и „обичен“ HYBRID, без погон на сите четири тркала.

Oвој систем е достапен во сите три модели – „3008“, „508“ и „508 SW“ (караван). Се состои од бензинец со 180 ks и еден електромотор од 110 ks (80 kW).

Вкупната комбинирана моќ на целиот погонски систем достигнува 225 ks (165 kW).


„HYBRID“ верзијата со преден погон е опремена со малку помал капацитет на батеријата од 11,8 kW, a радиусот на движење ако се користи со електромотор изнесува околу 40 km.

Иако „Peugeot“ ги претстави на крајот на септември 2018-та, хибридните верзии „3008“, „508“ и „508 SW“ нема да пристигнат на европскиот пазар пред пролетта 2019-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП