6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочна изградбата на урбаниот сквер меѓу Тафталиџе 2 и Нерези

Почна изградбата на урбаниот сквер меѓу Тафталиџе 2 и Нерези

Општина Карпош почнува со изградба на новиот урбан сквер – зелен парк, на потегот меѓу Тафталиџе 2 и Нерези, во близина на автобуската постојка на последна „24“, информираат од Општината преку соопштение.

Станува збор, велат од Општината, за инвестиција од речиси 3 милиони денари, средства што Министерството за животна средина и просторно планирање ѝ ги доделило на Општина Карпош.

„Просторот ќе биде целосно опремен со нова урбана опрема, клупи за седење, канти за отпадоци, штедливи ЛЕД-светилки, како и детско игралиште. Постојното зеленило ќе го надградиме со нови садници и дополнително ќе го уредиме“, изјави денеска градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев.

Рокот за изведба на овој сквер е 30 дена, а пред пет месеци, односно во април годинава, на оваа локација се одржа и јавна презентација на проектот пред засегнатите граѓани што живеат во околината. Од Општината, меѓу другото, посочија и дека ќе продолжат да се фокусираат на микролокациите и на разубавување на просторот меѓу зградите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП