Индексот на бизнис довербата во најголемата европска економија е намален многу слабо во септември и покрај стравувањата од можните последици до кои би можеле да доведат трговските спорови во светот, пренесува „Ројтерс“.
Индексот за бизнис очекувањата во Германија на Институтот за економски развој „Ifo“ опадна до 103,7 поени во однос на 103,9 поени во август.
Шефот на „Ifo“, Клеменс Фонст денеска изјави дека овие податоци ја одразуваат стабилноста на германската економија, која се задржува, иако несигурноста се зголемува.
Германската економија во голема мера зависи од глобалната трговија и голем број компании беа загрижени од новите давачки наметнати од страна на претседателот на САД, Доналд Трамп и контрамерките земени од Канада и други трговски партнери.
Европската економија во последно време губи малку инерција поради стравувањата од овој протекционистички бран и веројатноста да дојде до судир меѓу италијанската популистичка влада и Брисел по правилата за лимитите на буџетскиот дефицит и долгот, забележуваат агенциите.