28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФондација ЛЕОРОН - Стипендии за 70 студенти од социјалните категории

Фондација ЛЕОРОН – Стипендии за 70 студенти од социјалните категории

70 студенти од социјалните категории земаа стипендија од Фондацијата ЛЕОРОН, добротворна организација со седиште во Скопје и дел од институтот ЛЕОРОН од Дубаи.

Стипендиите се доделија на 21-ви септември во просториите на Институтот, при што студентите потпишаа договори за едногодишни стипендии.

Од фондацијата истакнаа дека вложуваат напори да ги елиминираат разликите во образованието и да обезбедат еднаков пристап до високото образование кај граѓаните.

“Мисијата на Фондацијата ЛЕОРОН е промоција на академскиот развој во заедниците каде што работи. Сигурна сум дека сите вие ќе придонесете кон оваа мисија со вашата работа во нашето општество и заедницата во која живееме”, вели Ваљјета Јусуфи, извршен директор на Институтот ЛЕОРОН.

Во ЛЕОРОН пристигнале повеќе од 700 апликации за стипендии. На процесот на финализирање на 70-те финалисти му претходела селекција врз основа на социјалната и економската состојба на апликантите, а важна улога играл и академскиот успех на кандидатите.

“Нашата Фондација доби повеќе од 700 апликации за стипендии, така што процесот на одлучување и селекција беше мошне предизвикувачки за нашиот тим. Вие бевте избрани по разгледување на повеќе фактори, меѓу кои, вашиот академски успех одигра клучна улога “, изјави Јусуфи.

Инаку, Фондацијата додадe дека доделените студентски стипендии се продолжение на цела низа на добротворни активности кои ЛЕОРОН ги организира во повеќе земји, вклучително и Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП