28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндија воведува шема за здравствено осигурување за 500 милиони сиромашни

Индија воведува шема за здравствено осигурување за 500 милиони сиромашни

Индискиот премиер Нарендра Моди официјално ја започна шемата за здравствено осигурување финансирано од државата, кое се очекува да покрие 500 милиони луѓе од сиромашните семејства, пренесуваат светските агенции.

Планот е дел од програмата „Ayshman Bharat“, најголемата програма за јавно здравје во светот, објавена претходно во оваа година.

Придружуван од неколку министри, Моди го најави почетокот на националната шема во Ранчи, главниот град на источната држава Џаркханд, еден од најсиромашните региони во Индија. „Ниту една друга земја нема таква шема, таа ќе стане пример која луѓето ширум светот ќе ја изучуваат“, рече премиерот.

Целта на шемата е да обезбеди покритие од 500.000 рупии (околу 7.300 долари) по семејство годишно во избрани државни и приватни болници и клиники на „безготовинско и без хартија“ начини.

Осигурувањето опфаќа болничко лекување и медицинска нега, како и лекови и други трошоци за три дена пред и 15 дена по влегувањето во болиницата, објасни заменик-извршниот директор на „Ayshman Bharat“, Динеш Арора.

Досега, листата на болници вклучени во шемата вклучува вкупно повеќе од 8.735 државни и приватни здравствени установи.

Програмата „Ayshman Bharat“, а честопати се споредува со американскиот „Медикер“, има две главни насоки: здравствено осигурување и создавање на 150.000 основни центри за медицинска нега. Поддржувачите велат дека тоа ќе биде револуција во индискиот здравствен систем, а скептиците – дека сè ќе зависи од тоа како ќе се имплементира. Тие се сеќаваат дека ваквите шеми на државно ниво пропаднале поради корупција и недостаток на обучен кадар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП