20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталијанскиот премиер свика средба на која ќе реши буџетскиот ќорсокак

Италијанскиот премиер свика средба на која ќе реши буџетскиот ќорсокак

Премиерот на Италија, Џузепе Конте вчера се сретна со двајцата заменици, за да се обидат да го решат буџетскиот ќорсокак на Владата, соопштува „Ројтерс“.

Коалициската влада треба да одлучи за прашањата околу големината на растот, дефицитот и долгот, кои се главните точки при утврдувањето на буџетот за 2019-та година.

Лидерот на партијата „5 ѕвезди“ Луиџи ди Мајо побара да биде наметнат универзален доход за социјално слабите, а пак претседателот на движењето „Лига“, Матео Салвини сака да бидат редуцирани даноците за физичките лица и компаниите.

И двајцата сметаат дека возрасната граница за пензионирање треба да биде намалена.

Од друга страна, министерот за финансии на земјата Џовани Триа цели да постави лимит на буџетскиот дефицит во 2019-та година од 1,6% од бруто домашниот производ на Италија, што е за 0,9% помалку од предлозите од Салвини и Ди Мајо за дефицитот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП