4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтратегијата со која кинески концерн сака да ги победи Adidas, Puma и...

Стратегијата со која кинески концерн сака да ги победи Adidas, Puma и Nike

Глобалниот пазар за спортска облека и стоки е во подем и сè уште доминираат големите во индустријата – „Adidas“, „Puma“ и „Nike“. Особено во Кина индустрија во последно време расте забрзано, а бизнисот на „Nike“ и „Adidas“ расте со една четвртина во последните квартали во оваа земја.

Иако постојат и домашни брендови, како „Li Ning“ или „Anta Sports“, сепак првите места се резервирани за големите играчи во индустријата, пишува во својата анализа „Süddeutsche Zeitung“.

Причината е дека за многу кинески луѓе, трите линии на „Adidas“ и кривата на „Nike“ се симбол на статусот што локалните брендови не можат да го постигнат. „Кинезите не можат добро да се справат со маркетингот, па така не успеваат да создадат силни брендови“, цитира „Süddeutsche Zeitung“ експерт од индустријата за спортски стоки, кој побарал анонимност.

Сега, кинеската компанија „Anta Sports“ има намера да го промени ова и го направи првиот чекор за да стигне до лидерите на светскиот пазар. Меѓутоа, оваа нема да има за цел кинезите да ја зајакнат сопствената марка, туку со купување на финскиот конкурент „Amer Sports“ за околу 4 милијарди евра. Финскиот производител ги поседува брендовите „Atomic“ и „Salomon“.

Како резултат на тоа, со вкупен промет од 5,3 милијарди евра, новата група компании се уште нема да претставува закана за „Nike“, „Adidas“ и „Puma“, но може да помине некои други успешни западни брендови за спортски стока – како „Wilson“, „Fila“ или „Salomon“, и најверојатно ќе се внесе немир на пазарот за спортски стоки.

Покрај тоа, заедничкото вложување ќе биде трето место во светот по „Nike“, со годишни приходи од 29,5 милијарди евра и „Adidas“ (21,2 милијарди евра).

„Amer“ го купи „Salomon“ и други брендови од познатото друштво како „Adidas-Salomon“ во 2005-та година, додавајќи ја француската марка кон австрискиот бренд „Atomic“, кој „Amer“ го купи околу една деценија порано. Германскиот спортски гигант се повлече од зимските спортови поради слабиот пазар за ски опрема, иако спортските чевли на „Salomon“ станаа хит од тогаш.

Кинеската „Anta“ која има пазарна капитализација од 12,5 милијарди долари, се обидува да го прошири својот бизнис во странство и презема купувања на добро познати глобални брендови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП